Мирис од рози – Сузана Д. Рулеска

Мирис од рози

Сончев зрак душа ми гали
насред градина од мирисни рози.
Овде и спокојот е обоен со рози
овде, се ми мириса на љубов,
овде ми мириса на верба, на надеж.
Овде и утрата мирисни покриени се
со мирисни рози, што в душа
љубов ми носат, од радост и срека.
Како лист трепетен во мај,
е душата моја, полна со љубов,
како утринска роса чиста,
како сончев зрак светол.
Од нив направив букет,
шепот нивни ми бранува душа,
опоен мирис, љубов ми дава.
Приказна со својот опоен мирис
ми раскажува , тој букет од 10 рози,
жолтите како светлина сончева,
белите пријатели мои се,
а, црвените најубавата песна
за љубовта ми ја пеат.
Од таа градина мирисна оваа пролет
уште има рози за букети
уште многу опој мирисен
нивни ке се шири,
уште многу души ке се полнат
со срека и љубов.

Настави са читањем “Мирис од рози – Сузана Д. Рулеска”

24 ПУТА ПРОЧИТАНО

ИГРАТА МОЈА ЛЕБЕДОВА – Сузана Д. Рулеска

ИГРАТА МОЈА ЛЕБЕДОВА

Играм игра лебедова
со безброј мирисни цветни ноти,
ткаам музичка приказна моја.
Јас сакам да гледам виножито
од безброј игри мои,
јас сакам, лебед да бидам,
јас сакам езеро да видам.
Музика ми допира,тивко, нечујно,
полека со поглед го мирисам
секој мој танцов чекор,
ме допира секој звук негов.
Како од музичка кутија
тивко плови играта моја
распослала крилја сред бел ден.
Мирно плови сред надојдени
бранови од немирно море,
плови со полн сјај во бистрата вода.
Оставам, играта моја да си ја
заврши приказната своја.
Јас актер сум нејзин насред
градина од цветни музички ноти.
Крајот го гледам на играта моја
јас ја сакам таа приказна своја.

Настави са читањем “ИГРАТА МОЈА ЛЕБЕДОВА – Сузана Д. Рулеска”

108 ПУТА ПРОЧИТАНО