
Марина Т. Стојанова, Скопље, Северна Македонија
ВИНО И ЉУБОВ
Ја кревам чашата за деновите да траат,
од сонцето стоплени,
од дождот искапени,
залеани пенушките крупни под родот тежок,
облеани со сласта на соковите бистри.
Како млада румена невеста во прегратка,
опиена од бескрајна љубов.
Ја кревам оваа чаша
за слогата и мирот да царуваат,
разумот на бистриот ум да владее
во денот, исто како и во ноќта.
Ја кревам оваа чаша за сите нас!
Љубов да имаме, најмногу
кон животот кој го живееме,
за другите, но и себе да се почитуваме.
Како што блиските ги љубиме
да ја чуваме земјата која род дава,
а љубовта во вино да ја преточиме.
Вино за љубов наточете во чашите
да испиеме за сите нас кои сме тука,
да траат сеќавањата за миговите среќни,
за средбите св. Трифунски да бидат вечни!
На здравје!