Танго на нерамен терен

Игравме танго на нерамен терен
и со лицето на мојата потпетица
ја згазивме куќата на вредните мравки.
Времето правеше сребрени кругови
и ги фрлаше во нашите коси,
а ние, летавме
со пеперутките во стомакот.
Има очи за кои вреди да се живее
има нешто во тие очи
од што може да се умре.
Танго на нерамен терен,
за кого ли ноќва тивко ми шепотиш?

57 пута прочитано